Натпреварот од 4.коло во ПМФЛ меѓу Работнички и Тиквеш (28.08), место на Арената “Тодор Проески“, ќе се игра на ФФМ, односно на комплексот “Петар Милошевски“. Ова е поради фактот дека теренот на Националната Арена “Тодор Проески“ се чува за мечот од Лигата на Нации меѓу Македонија и Бугарија, кој се игра на 26 следниот месец.
Тоа значи дека Работнички покрај овој дуел со Тиквеш, веројатно ќе мора и за мечот од 8.коло (17.09) со Победа да си бара алтернативен терен. Но сепак има шанси тој меч да се игра на Арената, зошто до тогаш теренот би требало да биде репариран.