Седлоски: Без разлика на епилогот, мора да бидеме со кренати глави

804

На прес-конферецнијата по денешниот дуел меѓу Балкани и Шкупи, шефот на стручниот штаб на чаирчани, Гоце Седлоски, ги сподели своите размислувања за мечот.

„Му честитам на Балкани за групната фаза. Им посакувам многу успех. Бевме со играч помалку и малку беше тешко да се игра. На дечките кои играа немам за што да им замерам, Балкани ги казни нашите грешки и тука и во Скопје. Тоа е тоа, сега ќе видиме што ќе биде понатаму. Тие шанси кои ги имаа Балкани ги искористија и на првата средба и сега. Оваа сезона имавме долг европски пат, пред себе имавме сериозни противници. Ни фалеше искуство во вакви натпревари. Некои играчи играа првпат вакви натпревари. Без разлика на епилогот, мора да бидеме со кренати глави“, вели Седлоски.

ПретходноШкупи не успеа да испише историја (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСпектакл во Арена: Србија и Јокиќ ја урнаа Грција по продолжение!