Дербито на 4. коло во ПМФЛ е доверено на нашиот најдобар судија Александар Ставрев од Скопје. Тој ќе ја дели фудбалската правда на мечот меѓу Шкендија и Струга Трим Лум, меч кој се игра во Струмица на комплексот на “Пандев“ и во тоа недела со почеток од 16 часот.
Во Штип, каде се среќаваат Брегалница – Македонија ЃП ќе суди Александар Грујоски од Кичево.
ДВОЈКИ И СУДИИ – 4.КОЛО (НЕДЕЛА – 16 Ч)
Скопје – Шкупи (Игор Стојчевски – Скопје)
Брегалница – Македонија ЃП (Александар Грујоски – Кичево)
Работнички – Тиквеш (Јован Качевски – Струга)
Шкендија – Струга ТЛ (Александар Ставрев – Скопје)
САБОТА – 16 Ч
Силекс – А. Пандев (Стојанче Стојанов – Штип)