Танкоски: Беше прекрасно да се игра во ваква атмосфера!

130

Е.Пелистер ќе го игра првиот фајнл-фор во СЕХА-лига. Битолчани ја добија драмата со Мешков Брест на домашен терен, откако беа подобри по изведување на пенали. Битиката за тронот во регионалното натпреварување е закажана за 2. и 4. септември во Задар.

На патот до Ф4, ракометарите на Е.Пелистер на трибините ги имаа фантастичните навивачи, атмосферата беше неверојатна.

„Беше прекрасно да се игра во ваква атмосфера и пред овие навивачи. Водевме во текот на сите 60 минути и ќе беше штета да не победевме. Седмерците се лотарија, но покажавме карактер, верба и мислам дека заслужено победивме. 

Не треба да трошиме зборови за Веспрем и дуелот во полуфиналето. Ќе одиме во Задар да уживаме“, изјави Танкоски по мечот. 

На Ф4 претходно се пласираа Веспрем, ППД Загреб и Нексе. Во полуфиналето Пелистер ќе игра против унгарскиот тим.

ПретходноМалиновски се скарал со тренерот на Аталанта и си договорил трансфер во Олимпик (М)
СледноАгентот на Де Јонг пристигна во Барселона: Останува или заминува?