ФИФА листа: Македонија и натаму на 64. место!

106

Очекувано со оглед на тоа дека немаше репрезентативни настани, нашата најдобра фудбалска репрезентација остана на 64. место на најновата ФИФА листа за месец август.

Се разбира дека и поените се исти, а тие се 1375,2 ранкинг поени.

Инаку на првото место и натаму се наоѓа селекцијата на Бразил пред Белгија и Аргентина, додека на четвртото место е селекцијата на Франција, па потоа доаѓа Англија,а во Топ -10 се и селекциите на Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.

Во септември се играат последните две кола од Лигата на Нации, па секако дека тоа ќе биде можност за нашата селекција да се качи некое место погоре на ФИФА листата.

ПретходноРакометна Битола се буди, Пелистер во битка за последното место на Ф4 во Задар
СледноАлкалоид пред нов предизвик – турнирот „Трофеј Нови Београд“!