Ѓоковиќ потврди: За жал, нема да играм на УС Опен

157

Заврши сагата. Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ нема да игра на УС Опен затоа што не му е дозволен влез во Соединетите Американски Држави како невакциниран странец. Тоа Ноле го потврди на социјалните мрежи каде им се заблагодари на навивачите кои го поддржуваа и кои притискаа тој да игра на престижниот Гренд слем турнир.

За жал нема да патувам во Њујорк. Ви благодарам на поддршката и на љубовта. А на колегите нека им е со среќа. Ќе ја оддржувам формата и позитивната енергија и ќе чекам шанса повторно да се натпреварувам. Се гледаме наскоро“, напиша Ѓоковиќ.

Новак три пати ја освојуваше титулата на УС Опен, а минатата сезона играше во финалето кога загуби од Медведев. Со тоа тој ги заврши Гренд слем турнирите за оваа сезона, не играше на Австралија опен, на Ролан Гарос стигна до четвртфинале, а го освои Вимблдон.

ПретходноМакедонија У-21 на 23 и 26 септември во Елбасан ќе одигра два пријателски меча со Албанија!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Самуел Умтити направи трансфер во Лече!