Фудбалската репрезентација на Македонија до 21.година во текот на следниот месец ќе одигра два пријателски меча со У-21 селекцијата на Албанија, и тоа на 23 и 26 септември. Ова секако дека ќе биде добра проверка на силите на кои смета селекторот Драган Канатларовски за наредниот квалификациски циклус.
За „Спортмедиа“ Канатларовски изјави:
„Овие два меча со младата селекција на Албанија беа одамна закажани, но само не се знаеја термините. Инаку требаше да се одигра првиот меч во Охрид на 23 септември, а потоа три дена подоцна да се игра во Елбасан. Сепак сега е дефинирано и двете средби да се играат на „Елбасан Арената“ во овој град. Ние ќе бидеме сместени во Охрид. Секако дека ова ќе бидат две убави контроли за сите фудбалери кои ќе добијат покана, ќе има и нови имиња“ посочи Цапар.