Малиновски се скарал со тренерот на Аталанта и си договорил трансфер во Олимпик (М)

308

„Фут Меркато“ попладнево објави дека украинскиот играч за врска Руслан Малиновски се согласил на преселба во Олимпик Марсеј, откако паднаа во вода обидите за нов договор со Аталанта.

Се чини дека играчот од средниот ред се скарал со тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини и е на пат да си замине од Бергамо. Веста за нетолерантноста меѓу тренероит и фудбалерот не е нова, но со оглед на тоа што сезоната во Серија А е веќе во ек, малкумина веруваа дека Аталанта ќе продава.

Претпоставките се дека викендов Малиновски ќе замине на прегледи во Франција.

ПретходноЛЕ: Алиоски и Ракип обезбедија групна фаза, Пјуник на Радески испадна на пенали
СледноТанкоски: Беше прекрасно да се игра во ваква атмосфера!