Француски Олимпик Марсеј го комплетира трансферот на централниот бек Ерик Баји од Манчестер Јунајтед. Францускиот фудбалер доаѓа на „Велодром“ како позајмен фудбалер до летото 2023 година со опција да потпише постојан договор по завршување на позајмицата.
28-годишниот Баји дојде во Манчестер Јунајтед летото 2016 и одигра 38 меча во дебитантската сезона, освои ЛЕ, Лига куп и Комјунити шилд. Ангажманот на Лисандро Мартинез беше знак за заминување на Баји кој на крајот одлучи да ја прифати понудата на Марсеј.