Пекол во ЛШ: Баерн, Барселона и Интер во иста група!

360

Денеска во Истанбул беа формирани групите за Лигата на шампионите за сезоната 2022/23. Топчињата споија неколку европски гиганти, а и поранешни шампиони, секако во преден план е групата Ц каде што копјата ќе ги вкрсат Баерн, Барселона и Интер. И минатата сезона Баерн и Барса играа во групите, а тогаш Барса два пати беше подобра со по 3:0. Тука прсти ќе вмеша и Интер, кој оваа сезона очекува многу од настапите во елитното клупско натпреварување. А тука Викторија Плзен од Чешка е апсолутен аутсајдер.

Адеми и Ристовски со Динамо за противници ги добија Милан, Челзи и Салцбург. Елмас со својот Наполи ќе ги одмери силите со Ајакс, Ливерпул и Глазгов Ренџерс.

Во групата Х се споија Пари Сен Жермен и Јувентус.

 

ГРУПА А: Ајакс, Ливерпул, Наполи, Ренџерс

ГРУПА Б: Порто, Атлетико Мадрид, Леверкузен, Бриж

ГРУПА Ц: Баерн, Барселона, Интер, Викторија Плзен

ГРУПА Д: Ајнтрахт Франкфурт, Тотенхем, Спортинг, Марсеј

ГРУПА Е: Милан, Челзи, Салцбург, Динамо Загреб

ГРУПА Ф: Реал Мадрид, Лајпциг, Шахтјор Доњецк, Селтик

ГРУПА Г: Манчестер Сити, Севиља, Дортмунд, Копенхаген

ГРУПА Х: ПСЖ, Јувентус, Бенфика, Макаби Хаифа

ПретходноШкупи во најсилен состав и офанзивно против Балкани
СледноНаградата за најдобар тренер во рацете на Анчелоти