ПОЛУВРЕМЕ: Абдула „поцрвене“ уште на стартот, Шкупи се уште е резултатски во игра

364

Македонскиот шампион Шкупи во моментов го игра реванш дуелот од плеј офот за пласман во групната фаза од Лигата на Конференции против тимот на Балкани во Приштина. Откако првиот меч заврши 1:2 за косовците, вечерва Шкупи има задача да обезбеди победа за да избори историски пласман.

Засега има проблеми да го стори тоа затоа што игра со десетмина играчи од втората минута. Катастрофална грешка на Абдула кој лошо реагира на една топка која ја минува последната одбранбена линија го исфрла Рахмани. Овој излегува сам пред Наумовски, а Абдула го повлекува за дрес и нормално како последен играч автоматски добива црвен картон и исклучување.

Следуваше ерупција од воодушевување на стадионот Фадиљ Вокри, каде што навивачите на Балкани веќе почнаа да слават групна фаза. Следуваше слободен удар крај голот на Наумовски. А потоа и сериозна неколуминутна иницијатива во која Куч имаше идеална шанса но шутираше покрај голот.

Наумовски спаси зицер

Во 40. Минута, домаќинот ја имаше најсериозната шанса до тој момент. Красниќи доби идеална топка по левата крилна позиција, влезе во шеснаесетникот шутираше, но Наумовски идеално излезе, скрати агол и прекрасно интервенираше по ударот на напаѓачот на Балкани. Чуварот на мрежата на Шкупи дефинитивно е најзаслужниот што Шкупи сеуште има шанса за подвиг во Приштина и што сеуште има 0:0.

ПретходноМал прекин: Данскиот кошаркар ја заби топката, за малку целиот кош ќе паднеше врз играчите (ВИДЕО)
СледноДимитријевиќ со звукот на сирената и донесе победа на Македонија!