Очекувано со оглед на тоа дека немаше репрезентативни настани, нашата најдобра фудбалска репрезентација остана на 64. место на најновата ФИФА листа за месец август.
Се разбира дека и поените се исти, а тие се 1375,2 ранкинг поени.
Инаку на првото место и натаму се наоѓа селекцијата на Бразил пред Белгија и Аргентина, додека на четвртото место е селекцијата на Франција, па потоа доаѓа Англија,а во Топ -10 се и селекциите на Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.
Во септември се играат последните две кола од Лигата на Нации, па секако дека тоа ќе биде можност за нашата селекција да се качи некое место погоре на ФИФА листата.