Чачиќ: Ќе се брукаме во Лигата на Шампионите

5537

Хрватскиот шампион, тимот на Динамо Загреб синоќа обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите. Напите Аријан Адеми и Стефан Ристовски заедно со своите соиграчи го елиминираа норвешки Бодо и сега ќе бидат дел од најјелитното натпреварување на светот. ТИмот кој го елиминираше нашиот шампион Шкупи заслужи да му се случува ова, затоа што реално е најдобриот клуб на Балканот, но и клуб кој реално има очајна инфраструктура.

„Ова е вечер за паметење. Оие момци ме направија најсреќниот човек на светот. Сега се гледа зошто толку ротиравме, зошто толку менувавме во составот. Сите добија шанса сите ја искористија. Нема да биде лесно да се игра Лига на Шампиони, ќе мора да се жртвуваме, а најмногу поради фактот што ќе играме на стадион кој навистина не доликува за такво натпреварувње. Ни доаѓаат најдобрите на светот, а ние ќе се срамиме и ќе ги пречекаме на стадион каков што е Максимир“ – изјави Чачиќ, алудирајќи на дотраеноста на Максимир како објект и на желбите и молбите на Динамо, но и на останатиот хртватски фудбалси свет да се изгради нов стадион кој засега е само сон за една од најдобрите фудбалски нации во светот.

 

ПретходноЗагреб во еуфорија, Динамо слави, Ристовски и Адеми во Лигата на Шампионите (ВИДЕО)
СледноБалкани му порача на Шкупи: Чувствувајте се како дома