Се чини дека трансферот на Антони на „Олд Трафорд“ нема да оди така течно како оној на Касемиро од Реал Мадрид. Манчестер Јунајтед на Ајакс му понудил 90 милиони евра за бразилскиот крилен напаѓач Антони Матеус дос Сантос, пренесува „Скај спортс“.
Менаџерот на „Црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг го сака Антони во своите редови, а и фудбалерот сака на „Олд Трафорд“, но холандскиот гигант не сака да го пушти по секоја цена. Бразилецот ги договорил личните услови, но сега Ајакс си бара пари. Не прифатил 90 милиони евра.
Ќе ја видиме следната реакција на Манчестер Јунајтед.