Откако минатата недела успеа да ја освои титулата на првиот од двата турнири во Монастир, Тунис, нашата тениска надеж Калин Ивановски оваа недела запре во четвртфиналето. Денеска во дуелот со Австралиецот Делаведова, Ивановски го предаде мечот по само три одиграни гејма во првиот сет, најверојатно поради повреда.
Со ова заврши серијата од седум последователни победи која Ивановски ја нанижа досега. одличните настапи го доведоа и во ТОП 1000 на АТП листата, каде се надеваме наскоро ќе има нов скок.