Кардиф ќе му плати на Нант за трансферот на Сала

132

Поминаа неколку години откако трагично загина Емилиано Сала, фудбалерот кој не ја преживеа авионската несреќа патувајќи од Франција кон Велика Британија. Неговиот трансфер од Нант во Кардиф беше веќе подготвен и тој беше упатен токму на промоцијата.

По трагедијата двата клуба имаа судски спор околу тоа дали Кардиф треба да му ја исплати сумата од договорот на Нант, а спортскиот арбитражен суд, одлучи дека клубот од Британија мора да исплати 5.1. милион фунти.

Процесот траеше извесно  време, и е донесена одлука во полза на Нант.

 

ПретходноКога се сака се може, теренот во Тетово веќе е во добра состојба
СледноПо Георгиевски злато и за Мила Рељиќ во Талин