„Никој од повредените нема да се врати за овој викенд. Сепак, Џоел Матип, Кертис Џонс и Тиаго Алкантара не се далеку од моментот кога ќе продолжат со тренинзите. Келехер ќе тренира со тимот следната недела. Наби Кеита исто така нема да биде достапен за викендот. Тој има повреда на мускулот и ситуацијата се уште не е 100% јасна“ – рече Клоп па се префрли на друга тема.
„Трансфери? Постојано работиме на овие работи. Понекогаш цената е превисока, понекогаш е достапен погрешен играч. Не знам дали нешто ќе се случи или не. Ако некој сака, може да се грижи за бодовите, но јас не ја гледам поентата. Овој тим покажа неверојатно високо ниво во изминатите неколку години. Тој победува многу често, но ние тоа не го земаме здраво за готово. Мора да работиме напорно за секоја победа. Рано е да ја наречеме сезоната завршена. Никој не знае што можеме да постигнеме во оваа кампања. Има многу бодови кои треба да се освојат, но мораме да почнеме да го правиме тоа“, изјави Клоп на денешната прес-конференција.