Лацио слави победа на дербито со Интер (видео)

218

Екипата на Лацио го совлада Интер со 3:1 во 3.коло на Серија А и со тоа стигна до седум бодови на табелата, додека „нероаѕурите“ го впишаа првиот пораз. На „Олимпико“ избраниците на Маурицио Сари беа поконкретни во завршницата на акциите. Во 40. минута на асистенција на Милинковиќ Савиќ голот на противникот го погоди Фелипе Андрсон. Во 51 минута изедначи Лаутаро Мартинез, но Лацио го врати водството со голот на Луис Алберто во 75. минута на асистенција на Педро.
А во 86 минута Педро го постави конечниот резултат. Да кажеме и дека Луис Алберто и Педро влегоа во игра во второто полувреме.

Пред овој натпревар играа Монца и Удинезе и победија играчите од Удине со 2:1.

ПретходноБерлускони во акција: Загубивме затоа што противникот играше со 12 играчи
СледноГрифо му донесе победа на Фрајбург, a стана и најефикасен Италијанец во Бундес лигата