На вчерашниот квалификациски меч за пласман на Светското првенство меѓу Србија и Грција во Белград се повреди еден од најобрите кошаркари во српскиот тим, Василие Мициќ.
Тој беше изнесен од теренот и не се врати во игра, но постои надеж дека повредата не е од сериозна природа.
На прес-конференцијата по натпреварот селекторот на Србија Пешиќ повика на трпение, затоа што мора да се почекаат денешните прегледи пред да се даваат коментари.
„Се надеваме дека повредата не е сериозна, но може целосно да не поремети. Не би зборувал за тоа, во најголем дел, само утре ќе можеме да кажеме повеќе за тоа. Најважно е лекарскиот тим да помогне да се спречи отекување на зглобот. Ако тоа не се случи, тогаш е добра шанса тој да се врати. Ќе видиме“, рече Пешиќ.