ПОТВРДЕНО: Милик е ново засилување за Јувентус

159

Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик и официјално доаѓа на едногодишна позајмица од Олимпик Марсеј во Јувентус. 28-годишниот фудбалер е позајмен во Јувентус за 800.000 евра. Исто толку пари Олимпик Марсеј ќе добие и дополнително доколку се исполнат одредени услови.

По завршувањето на договорот, италијанскиот клуб ќе има право да го купи Милик за 7 милиони евра, кои Јувентус ќе ги плати за три години. Марсеј ќе може да добие уште 2 милиони евра доколку се исполнат одредени услови.

ПретходноЗа седум дена, 21 милиони денари за играчите на Видеолотарија со СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР И МИНИ ЏЕКПОТ ДОБИВКИТЕ
СледноСлободен влез за дуелот со Словачка: Во недела вечер – сите во „Кале“!