Агентот на Де Јонг пристигна во Барселона: Останува или заминува?

562

Барселона ќе направи уште еден обид да најде решение за случајот Френки де Јонг, кој и понатаму е проблем за клубот. Агентот на играчот, Али Дурсун, пристигнал во каталонската престолнина и денеска се очекува да се сретне со раководството на Каталонците. Двете страни ќе разговараат за различни опции за излез од ќор-сокакот.

Како што е познато, Барса бара Де Јонг да ја намали платата или да се согласи да биде продаден. Меѓу кандидатите за потписот на холандскиот репрезентативец се Манчестер Јунајтед и Челзи, а во последните денови се појавија информации дека за него сега сериозен интерес има и од Ливерпул.

ПретходноТанкоски: Беше прекрасно да се игра во ваква атмосфера!
СледноЕвропска сензација: Лихтенштајн и Косово стигнаа до групната фаза