Ал-Келафи за конфликтот меѓу Мбапе и Нејмар, изненадувачки посочи други лица!

175

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келафи зборуваше за проблемот меѓу Килијан Мбапе и Нејмар. Тој нивните фрустрации ги спореди како кавга меѓу брат и сестра.

Според првиот човек на францускиот првак дека односот меѓу двете ѕвезди е далеку од она што се преставува во јавноста, за ваквата слика виновни се новинарите.

„Не, не. Нема проблем“, рече тој и продолжи: „Мислам дека е реално… Мислам дека вие новинарите правите најмногу проблеми. Тие дискусии се како расправии меѓу браќата и сестрите. Килијан и Нејмар се добри соиграчи и добри пријатели“, рече Ал-Келафи.

ПСЖ фуриозно ја започна сезоната со три победи во Лига 1 и со 17 постигнати гола и само три примени по три кола.

“Ова е добар почеток, но тоа е само почеток. Сите мора да работат повеќе и има многу работи што треба да ги подобриме бидејќи сезоната е предолга. Задоволни сме, но сме само на почетокот”, изјави сопственикот на францускиот шампион.

ПретходноСЕХА ги потврди термините: Пелистер против Веспрем во второто полуфинале!
СледноЛК: Радески со Пјуник против Базел, Слован и Жалгирис, Партизан против Келн и Ница!