Го допревме дното: Од 2024 година мораме во претквалификации за ЛШ, а губиме и едно место во КЛ!

2186

Македонскиот клупски фудбал го допре дното. Поради лошите резултати на тимовите и оваа сезона во европските купови, од следната сезона 2023/24 македонскиот шампион ќе мора да почне дури од претквалификациите за Лигата на шампионите, каде досега гледавме тимови од Сан Mарино, Андора, Гибралтар…

Очајните настапи на најголемиот дел од тимовите и оваа сезона доведоа до драстичен пад и на клупската ранкинг листа на УЕФА, па така Македонија загуби и едно место во Европа за сезоната 2023/24.

Едно од досегашните четири места (едно во Лигата на шампионите, плус три во Конференциската лига на УЕФА), загубивме поради тоа што не успеавме да обезбедиме макар уште една победа и едно реми на сите европски настапи ова лето, со што ќе го задржевме коефициентот на листата и ќе останевме над цртичката која ги одвојува земјите кои се во најслабата група на ранкинг листата на УЕФА.

Според УЕФА калкулаторот, иако не стигна до плеј-оф натпреварите, според учинокот, Шкендија е најдобриот македонски преставник во европските купови оваа сезона. Најслаб ефект даде Академија Пандев.

ПретходноЧовекот за одлука: „Тројката ми предизвика радост затоа што победивме“
СледноОФИЦИЈАЛНО: Ауди од 2026 година влегува во Формула 1