Едно од летните големи засилувања за тимот на Барселона, Џулс Кунде ќе му се стави на располагање на тренерот Чави за викенд мечот против тимот на Ваљадолид.
Кунде конечно е регистриран за клубот по сите проблеми кои Барса ги имаше на оваа тема, па нормално е што оваа вест која пристигна е рамна на ерупција од воодушевување.
Барселона за да може да го стори ова мораше да продаде дел од ТВ правата на долгорочен план, и да поработи на финансиската состојба во моментов.
Кунде пристигна од Севиља во трансфер вреден 50 милиони евра плус околу 12 милиони на име на бонуси.