Ракометарите на вториот тим на Е. Пелистер утрово отпатуваа за Австрија каде утре ги очекува првиот европски предизвик. Помалиот од двата битолски тима ги стартува натпреварите во квалификациите за Лигата на Европа на ЕХФ и тоа со гостување кај екипата на Алпла Хард.
Мечот е на програмата утревечер од 19 часот. Судии на мечот ќе бидат Португалците Какадор и Николау.