Ибраими: Шкендија е фаворит, но Струга сака да ја продолжи победничката серија

202

Во недела ќе се одигра дербито Шкендија против Струга Трим Лум во рамките на 4. коло на ПМФЛ. Струга е прва на табелата со максимални 9 бода по 3.кола, а Шкендија е на делба на второто место со 7 бодови.
За очекувањата од тој меч зборуваше Бесарт Ибраими кој сега игра за Струга, а шест години помина во Шкендија.
Ја почитуваме Шкендија, знаеме за каков тим се работи. Лично за мене, ова ќе биде емоционален меч затоа што најдобрите шест години од кариерата ги поминав во овој клуб. Но како професионалец емоциите морам да ги оставам на страна и да дадам се од себе за тимот за кој сега настапувам Струга ТЛ. Сега сме лидери и сакаме да ја продолжиме победничката серија иако Шкендија е фаворит“, изјави Ибраими.

ПретходноПионерите на РК Алкалоид победнички стартуваа на турнирот во Нант, Франција
СледноНестор асистираше за победа на Удинезе во Монца (видео)