Како за утеха: Грчкиот ѕвер урна рекорд во преполната Арена

184

Србија ја совлада Грција по продолжение со 100-94 во рамките на првата рунда од втората фаза за место на Мундијалот. Овој дуел се одигра пред 19.154 гледачи, а во центарот на вниманието беа Никола Јокиќ кај домаќинот и Јанис Адетокумбо на другата страна.

Иако грчкиот ѕвер блесакеше на оваа средба и постигна 40 поени и 8 скока, сепак тоа не беше доволно за Грција да си замине со целиот плен од срцето на Белград. Сепак ако може да биде утеха, кошаркарот на Милвоки урна рекорд на оваа средба. Тој е првиот играч кој стигнал до бројката од 40 поени на еден европски квалификациски меч за СП.

ПретходноРадовиќ: Како да не стегнете заби кога играте со овие момци и пред ваква публика!
СледноДејан Георгиевски е европски шампион на клупското првенсто во Талин