Поминаа неколку години откако трагично загина Емилиано Сала, фудбалерот кој не ја преживеа авионската несреќа патувајќи од Франција кон Велика Британија. Неговиот трансфер од Нант во Кардиф беше веќе подготвен и тој беше упатен токму на промоцијата.
По трагедијата двата клуба имаа судски спор околу тоа дали Кардиф треба да му ја исплати сумата од договорот на Нант, а спортскиот арбитражен суд, одлучи дека клубот од Британија мора да исплати 5.1. милион фунти.
Процесот траеше извесно време, и е донесена одлука во полза на Нант.