Како Дејан Станковиќ си даде оставка на тренерското место во Црвена Звезда така клубот најде негова замена. Откако клубот од Белград испадна од квалификациите за Лигата на Шампионите, Станковиќ си поднесе неотповиклива оставка, а на негово место доаѓа Милош Милојевиќ.
Млад, 39. годишен стручњак, кој има сериозно интернационално искуство пред се од Шведска. Таму ги водеше екипите на Хамабрби, Мјалби и последно Малме, од каде што и доаѓа на местото тренер на Црвена Звезда.
Тој веќе има работено во таборот на „црвено – белите“ но како асистент и тоа токму на Станковиќ.