Најскапото засилување во историјата на Арсенал се враќа во Франција

196

Николас Пепе се враќа во францускиот шампионат. Според информациите тој овојпат ќе го облече дресот на Ница, каде како прв тренер работи Лусиен Фавре.

Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска е најскапото засилување во историјата на Арсенал, но во трите сезони во Лондон не успеа да заработи стартно место, па на една сезона ќе оди како позајмен во Ница, со цел да се врати во форма.

26-годишниот Пепе се истакна за Лил во сезоната 2018/2019, убедувајќи го Арсенал да плати огромни 80 милиони евра за неговиот потпис, но напаѓачот неодамна испадна од плановите на менаџерот Микел Артета.

ПретходноЕ. Пелистер 2 замина за Австрија на првата пресметка со Алпла Хард (ФОТО)
СледноЧовекот за одлука: „Тројката ми предизвика радост затоа што победивме“