ОФИЦИЈАЛНО: Ауди од 2026 година влегува во Формула 1

85

Автомобилската компанија „Ауди“ и официјално го најави своето пристигнување во Формула 1. Денеска за време на стартните прес-конференции пред викенд возбудувањата на трката за ГН на Белгија, големата автомобилска компанија и Формула 1 ја потврдија заедничката соработка.

Според најавите, Ауди нема само да произведува свои мотори, туку и ќе стане главен сопственик на Формула 1 тимот на Заубер, кој сега работи под брендот Алфа Ромео. Ауди треба да добие 75% од акциите во тимот.

Што се однесува до другата марка на концернот Фолксваген, Порше, нивната најава за приклучување кон Формула 1 како партнери на Ред Бул се очекува нешто подоцна.

ПретходноГо допревме дното: Од 2024 година мораме во претквалификации за ЛШ, а губиме и едно место во КЛ!
СледноДоколку Седлоски биде сменет, Васоски е прв кандидат за клупата на Шкупи!