Пионерите на РК Алкалоид победнички стартуваа на турнирот во Нант, Франција

129

Пионерската екипа на РК Алкалоид (У16) учествува на меѓународен турнир што се одржува во францускиот град Нант. На овој турнир учествуваат 12 екипи од неколку држави поделени во две групи.

На првиот натпреварувачки ден, РК Алкалоид играше два натпревари. На премиерата се сретна со шпанскиот Хихон и победи 31-28 (16-11).

Потоа играше и со врсниците од позната француска екипа Феникс Тулуз. Алкалоид победи и на овој натпревар и тоа убедливо 36-16 (17-7).

Утре, на вториот натпреварувачки ден Алкалоид ќе игра уште три натпревари.

Претпладне, од 10:00 часот ќе игра со екипата на Естудијантес од Белгија. Потоа во 14.00 часот со репрезентацијата на Бенин, а во 18:00 часот со француската екипа Онис.

ПретходноПо Георгиевски злато и за Мила Рељиќ во Талин
СледноИбраими: Шкендија е фаворит, но Струга сака да ја продолжи победничката серија