Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик и официјално доаѓа на едногодишна позајмица од Олимпик Марсеј во Јувентус. 28-годишниот фудбалер е позајмен во Јувентус за 800.000 евра. Исто толку пари Олимпик Марсеј ќе добие и дополнително доколку се исполнат одредени услови.
По завршувањето на договорот, италијанскиот клуб ќе има право да го купи Милик за 7 милиони евра, кои Јувентус ќе ги плати за три години. Марсеј ќе може да добие уште 2 милиони евра доколку се исполнат одредени услови.
𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋 ✅ @arekmilik9 ⚪️⚫️#WelcomeMilik
— JuventusFC (@juventusfc) August 26, 2022