Реал го пушта да си најде клуб бесплатно, тој не сака да се откаже од високата плата

429

Иако Реал се чини заврши со трансфер приказната за ова лето, се уште остануваат отворени три прашања: Марко Асенсио, Алваро Одриозола и Маријано Дијаз.

Тројцата фудбалери Реал бара начин да ги испрати на друга адреса, но засега нема конкретни активности. Посебна приказна е Дијаз, кој никогаш не одиграл важна улога во Реал, за разлика од претходно споменатото дуо.

Дијаз пристигна во Мадрид во текот на летото 2018 година од Лион за 21,5 милиони евра, а потпиша договор вреден 4,5 милиони евра годишно, кој истекува следното лето. Реал е подготвен да го пушти да си оди без обештетување веќе ова лето и покрај тоа што има уште цела година од договорот.

Сепак, проблемот е што Дијаз не ни размислува за заминување. Тој ги одби сите досегашни предлози и е решен да го комплетира договорот. Причината, веројатно, е што тој веќе не може да добие сличен договор во ниту еден клуб во кој ќе оди, па повеќе би сакал да седи една година на трибините и да зема голема плата во Реал, отколку да игра некаде за помалку и од половина од овие пари.

ПретходноЛК: Радески со Пјуник против Базел, Слован и Жалгирис, Партизан против Келн и Ница!
СледноЕрупција од воодушевување на Ноу Камп, Кунде е регистриран и има право на настап