Македонската сениорска репрезентација имаше успешен старт во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025. На првиот дуел, оствари гостинска победа во Данска (70-73), а веќе во недела, го игра вториот натпревар од групата „Д“.
Во салата на Спортско рекреативниот центар „Кале“ гостува репрезентацијата на Словачка.
Натпреварот се игра на 28. август (недела), стартува од 19.часот, а влезот на трибините ќе биде слободен.
„Затоа сите заедно, да им помогнеме на момците да дојдат до уште еден важен триумф во битката за учество на Евробаскетот. Во недела навечер, сите сме во „Кале““, порачаа од КФСМ.
Момците заслужуваат поддршка од трибините, ја вратија самодовербата, по долго време успеаја да запишат триумф.