Човекот за одлука во македонската кошаркарска репрезентација на синоќешниот меч со Данска, Ненад Димитријевиќ, по мечот во кој постгна 29 поени и решавачкатројка од половина терен, вели дека ова беше неверојатен меч и многу важен триумф на „црвено-жолтите“.
„Неверојатен натпревар и важна победа на гости. Знаевме дека за да успееме, треба да останеме фокусирани и да дејствуваме како тим во тешките моменти. Што почувствував по шутот за три поени со сирената? Пред се, радоста од победата на тимот. Можеби имав малку среќа при одлучувачкото фрлање. Во недела не чека тежок натпревар против Словачка. Треба да останеме фокусирани и да го добиеме мечот на домашен терен“, вели Нено.