IN MEMORIAM: Борче Филчев (1951-2022)

302

Сосема ненадејно, во 71. година од животот, почина Борче Филчев.

Борче Филчев беше составен дел на женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862-Скопје, цели 35 години, од кои последните десет, повеќе од успешно ја извршуваше претседателската функција.

Со своето работење, организаторски способности, и посветеност кон клубот, во значителна мера придонесе за успесите на популарните „баделки“, а под негово раководство, клубот освои шест шампионски титули, четири трофеи во Купот на Македонија и пехарот за освојувачот на Суперкупот на Македонија.

Почивај во мир!

ПретходноНишто не е случајно: Погледнете како Димитријевиќ „решеташе“ на 10 години (ВИДЕО)
СледноСЕХА ги потврди термините: Пелистер против Веспрем во второто полуфинале!