Неверојатен успех синоќа запишаа екипите на Вадуц и Балкани. Тимовите од Лихтенштајн и Косово за првпат во историјата обезбедија пласман во групната фаза на едно европско клупско натпреварување.
Единствениот професионален клуб во Лихтенштајн направи нова сензација во Конференциската лига откако синоќа го елиминира австриски Рапид Виена. Така, за првпат во својата историја се пласираше во групната фаза од европско натпреварување.
Вадуц веќе неколку недели ги воодушевува навивачите ширум Европа. Клубот, од држава чие население е нешто помалку и од 40.000 луѓе, прво го елиминираше турски Коњаспор, а во решавачкиот плеј-оф меч се справи и со Рапид Виена. Пред една недела на домашен терен, Вадуц ремизираше 1-1 со фаворизираниот ривал, но во реваншот направи сензација и победи со 1-0.
Вадуц е единствениот професионален клуб регистриран во оваа мала земја. Своите натпревари ги игра во швајцарската втора лига, а во европските купови настапува само благодарение на победите во националниот куп. Најголемиот успех на Вадуц досега е учеството во прелиминарните рунди.
🇱🇮 HISTORY! VADUZ BECOME THE FIRST LIECHTENSTEIN CLUB TO REACH THE EUROPEAN GROUP STAGES!
The only UEFA member so small it doesn’t have its own league completes a fairytale run to the Conference League!
We will have a second-division club in continental competition this season! pic.twitter.com/LhA8uGqNFJ
— The Sweeper (@SweeperPod) August 25, 2022
И Косово синоќа славеше. Балкани е првиот косовски тим кој стигнал до групите во Европа. Тимот кој доаѓа од градот Сухарека со 18.000 жители, синоќа го елиминираше нашиот шампион Шкупи со две победи на двата меча. Дрита беше клубот кој досега дојде најблиску до сличен успех и тоа минатата сезона. Во рамките на ЛЕ, Дрита стигна до третото квалификациско коло, кад ебеше елиминирана од полска Легија.