Бразилскиот интернационалец Касемиро е најновото и воедно највредно засилување за тимот на Манчестер Јунајтед летово. По уште еден којзнае кој по ред очаен старт на една сезона, управата се реши за радикален потег и го доведе од Реал Мадрид еден од најдобрите играчи за врска во светот во моментов
Касемиро веќе одработи неколку тренинзи со тимот, е во комбинација за мечот против Саутемптон на гости утре со почеток од 13:30 часот, а она што е интересно е дека тој во дресот на Јунајтед ќе настапува со бројот 18, истата бројка со која со години настапуваше легендата на Олд Трафорд, Пол Сколс.