Ако до пред неколку дена теренот на Градскиот стадион во Тетово не личеше на ништо и токму и затоа тимот на Шкендија во моментов своите мечеви ги игра на друг терен, а не на сопствениот, денешната фотографија од градот под Шара кажува нешто друго.
Службите задолжение за одржување на теренот напорно работеле во последните неколку дена, а и врнежливото време во нашата земја очигледно помогна, па теренот во Тетово доби сосема нов лик.
Тој во моментов е во далеку подобра состојба одколку претходно, и веројатно Шкендија ќе се врати дома, многу побргу од очекуваното.