ЛК: Радески со Пјуник против Базел, Слован и Жалгирис, Партизан против Келн и Ница!

268

Покрај ждрепката за групната фаза во Лигата на Европа, попладнево во Истанбул беше одржана и ждрепката за Лигата на Конференции, третото по ранг европско натпреварување. За жал нашиот првак, тимот на Шкупи, иако имаше златна шанса, сепак не успеа да се пласира и да направи историја. Затоа историја направи Балкани од Косово, тим кој што ги елиминираше вчера чаирчани.

Инаку единствен наш фудбалер кој во Лигата на Конференции ќе настапи е Марјан Радески со својот Пјуник, и се падна во групата – Х, а таму се и екипите на Базел, Слован Братислава и Жалгирис.

Најсилната или најзвулчната група е групата – Д, во која се Партизан, Келн, Ница и Словачко.

Натпреварите се играат во следните термини:

1.коло (08.09)

2.коло (15.09)

3.коло (06.10)

4.коло (13.10)

5.коло (27.10)

6.коло (03.11)

Потоа следува нокаут – фазата во текот на следната пролетна сезона, односно следната година. Додека финалето во ЛК е закажано за 7 јуни на “Еден Арената“ во Прага.

ГРУПИ

А-ГРУПА

-Башакшехир (Тур)

-Фиорентина (Ита)

-Хартс (Шко)

-Рига (Лет)

Б-ГРУПА

-Вест Хем (Анг)

-ФЦСБ (Ром)

-Андерлехт (Бел)

-Силкеборг (Дан)

Ц-ГРУПА

-Виљареал (Шпа)

-Хапоел Бер- Шева (Изр)

-Австрија Виена (Авс)

-Лех (Пол)

Д-ГРУПА

-Партизан (Срб)

-Келн (Гер)

-Ница (Фра)

-Словачко (Чеш)

Е-ГРУПА

-АЗ Алкмар (Хол)

-Аполон (Кип)

-Вадуц (Лих)

-Дњипро-1 (Укра)

Ф-ГРУПА

-Гент (Бел)

-Молде (Нор)

-Шамрок (Ирс)

-Ѓургарден (Шве)

Г-ГРУПА

-Славија Прага (Чеш)

-Клуж (Ром)

-Сиваспор (Тур)

-Балкани (Кос)

Х-ГРУПА

-Базел (Шва)

-Слован (Свк)

-Жалгирис (Лит)

-Пјуник (Ерм)

Image

ПретходноАл-Келафи за конфликтот меѓу Мбапе и Нејмар, изненадувачки посочи други лица!
СледноРеал го пушта да си најде клуб бесплатно, тој не сака да се откаже од високата плата