Македонија ќе има свој претставник на фајл-фор завршницата во СЕХА-лига. Е.Пелистер по голема драма и изведување на пенали го совлада Мешков Брест и за првпат се пласираше на завршницата во регионалното натпреварување, истата е закажана за 2. и 4. август во Задар.
Раководството на СЕХА-лига денеска го потврди распоредот. Ф4 први го отвараат Нексе и ППД Загреб, дуел кој се игра во 18 часот (2. септември), додека Пелистер и Веспрем ќе ги одмерат силите во второто полуфинале (20:30 часот).
Битката за третото место и финалето на програмата се на 4. септември.