Слободен влез за дуелот со Словачка: Во недела вечер – сите во „Кале“!

139

Македонската сениорска репрезентација имаше успешен старт во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025. На првиот дуел, оствари гостинска победа во Данска (70-73), а веќе во недела, го игра вториот натпревар од групата „Д“.

Во салата на Спортско рекреативниот центар „Кале“ гостува репрезентацијата на Словачка.

Натпреварот се игра на 28. август (недела), стартува од 19.часот, а влезот на трибините ќе биде слободен.

„Затоа сите заедно, да им помогнеме на момците да дојдат до уште еден важен триумф во битката за учество на Евробаскетот. Во недела навечер, сите сме во „Кале““, порачаа од КФСМ.

Момците заслужуваат поддршка од трибините, ја вратија самодовербата, по долго време успеаја да запишат триумф.

ПретходноПОТВРДЕНО: Милик е ново засилување за Јувентус
СледноАлкалоид во последната секунда испушти победа против првакот на Изреал (ВИДЕО)