Даниел Миловановиќ на позајмица во Тиквеш

1729

Македонскиот интернационалец и некогашен младински репрезентативец, Даниел Миловановиќ ќе одработи едногодишна позајмица во екипата на Тиквеш.

Напаѓачот има актуелен договор со тимот на Залаегерсег но поради малата минутажа таму очигледно дека на Миловановиќ му е потребна нова дестинација.

Миловановиќ замина во Унгарија од Академија Пандев и заигра заедно со Никола Серафимов, но не ја доби вистинската шанса во овој тим. Сепак, има актуелен договор со Залагерсег, па и на клубот му оди во прилог напаѓачот да заигра но во случајов на друго место.

 

ПретходноФофана и дефинитивно во Челзи
СледноКлоп: Сами сме против целиот свет