Македонецот Бојан РАСТУРА… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

630

БРАВО Бојане. Дами и Господа, тоа е Бојан Миовски. Уште една фантастична партија на Македонецот во дресот на Абердин, зачинета со два гола, овојпат во мрежата на Ливингстон, во меч од 5.коло во елитмната лига на Шкотска.

Каков просек, каков голгетерски просек на нашиот напаѓач, пет кола и пет голови. Па може ли подобро?

Фановите на Абердин се во транс, сите во клубот се во ефорија, а Бојан тресе ли тресе.

Попладнево прво погоди во финишот на првиот дел и тоа од пенал, за 1:0, за отварање на серијата, за да во 63.минута зголеми на 4:0.

Ах, да, натпреварот заврши со 5:0 за тимот на Бојан.

Инаку Македонецот сега со овие пет голови по петте кола се наоѓа убедливо на чело на листата на стрелците во елитната лига на Шкотска.

Image

Vicente Besuijen celebrates his goal.

Bojan Miovski applauds the fans as he is substituted.

Bojan Miovski celebrates his second goal with Ylber Ramadani.

ПретходноНеверојатно: Ливерпул “броеше“ до девет, хет-трик на Халанд за магичен пресврт на Сити! (ВИДЕО)
СледноГолчиште: Мајсторија на Влаховиќ на дербито Јуве – Рома! (ВИДЕО)