Интересно прво полувреме во Кратово, во првиот меч од 4.коло во ПМФЛ меѓу Силекс и А. Пандев, кое заврши со резултат 1:1.
Струмичани можеби беа подобри, имаа повеќе шанси, но Силекс поведе со голот на Обадовиќ во 37.минута, откако Јанкулов шутираше а Јовановски ја одби таа топка до напаѓачот на кратовци, на кого не му беше тешко да го погоди голот.
Сепак во 43.минута гостите заслужено израмнија и тоа со убавиот гол на Велиновски кој шутираше од далечина, треба да се каже дека неколку минути претходно тој од речиси истата позицијата ја погоди стативата на Силекс.