Јувентус одигра 1:1 со Рома во меч од 3. коло во Серија А што е второ едноподруго реми на „Старата дама“. Влаховиќ го доведе Јувентус во водство, а потоа домашниот тим имаше уште многу шанси но не успеа да направи повисока предност, а на крајот Рома казни и си освои бод.
„Жозе Мурињо е фантастичен во ‘читање’ на играта. Ако не го докрајчиш неговиот тим на време тогаш големи се шансите да бидеш казнет. По такво моќно прво полувреме паднавме во второто. Требаше да ја држиме топката повеќе во нашите нозе, да ја успориме играта. За жал примивме гол. Треба да извлечеме поука. Да бидам реален, не можеш да доминираш 90 минути“, изјави Алегри за “ДАЗН“.
Дома Меѓународен фудбал Италија Алегри: Во финишот требаше да ја успориме играта, а не да примиме...