Арсенал со нова победа: сега има четири од четири

125

Екипата на Арсенал има 100% ефект во Премиер лигата откако вечерва со 2:1 го совлада Фулам во 4. коло на Премиер лигата. На полувреме немаше голови, а на почетокот на вториот дел Александар Митровиќ ја начна мрежата на „топчиите“ што е негов 100 гол во дресот на Фулам.
Но Арсенал возврати. Осум минути подоцна Одегард изедначи, а во 86. минута Габриел ја донесе победата на Арсенал кои се лидери на табелата со максимални 12 бодови и гол разлика 11:3.

ПретходноЕ.Пелистер 2 со негатива од три гола се враќа од Австрија!
СледноСтоле и Рајо поразени дома од Мајорка (видео)