Аталанта го комплетира трансферот на тинејџерот Расмус Хојлунд кого го нарекуваат „новиот Халанд“. Се работи за 19-годишен напаѓач кој во Бергамо доаѓа од Штурм Грац и тоа за 17 милиони евра. Токму понудата на Аталанта била најдобра во конкуренција на неколку други екипи меѓу кои и на Клуб Бриж.
Младиот фудбалер потпиша договор на пет години.
Тој сезонава одигра осум натпревари за Штурм со ефект од шест гола и три асистенции. Тој е продукт на академијата на Брондби, а Штурм го купи за 1,8 милиони евра од Копенхаген во јануари 2022 година. За шест месеци неговата вредност се заголеми за речиси 10 пати.
Роден е во 2003 година, висок е 1,91 метар, неговата комбинација на висина, темпо и моќ го споредуваат со ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд. Тој настапува за У21 селекцијата на Данска.