Бруно му донесе победа на Јунајтед, деби за Касемиро! (ВИДЕО)

194

Во меч од 4.коло во ПЛ, Манчестер Јунајтед со 0:1 успеа да го победи Саутемптон како гостин на “Сент Мери“. Победничкиот гол беше дело на Бруно Фернандес во 55.минута, откако Еланга, Санчо и Далот одиграа навистина прекрасна акција, која Португалецот само ја заврши со гол.

Па така ова е втор триумф во серија за четата на Ерик Тен Хаг, по оној минатонеделниот против Ливерпул.

Јунајтед уште во првиот дел можеше да поведе, имаше и шанси, но сепак на пауза се замина со резултат 0:0.

Во вториот дел во првите минути гостите тргнаа агресивно, што побргу да постигнат гол, тоа и се случи како што веќе рековме во таа 55.минута.

Треба да се каже дека на овој меч свое деби имаше Касемиро, кој влезе во игра во 80.минута. Роналдо пак не беше стартер, доби шанса да влезе во 68.минута на местото на Санчо.

Јунајтед не одигра којзнае како спектакуларно, но сепак победа си е победа, освоени се нови три бода.

ПретходноНаполи на Елмас повторно во игра за спас на Роналдо!
СледноЛесјак ја има најдобрата одбрана во 1/4 финалето, Талески и Сери во Топ 5 (ВИДЕО)